вторник, 5 мај 2026

Папата ја назначи првата жена на чело на Гувернаторатот на Ватикан

Објавено на

часот

Сподели

Како генерална секретарка на Гувернаторатот, италијанската калуѓерка (52) ќе биде задолжена за надгледување на административните операции, особено на музеите на Ватикан, поштата и полицијата. Така таа ќе стане највисоко рангираната жена во најмалата држава во светот.

Според информациите на онлајн весникот Нешнал католик рипортер, таа улога традиционално ја извршувал бискуп.

Папата Франциско (84) во неколку наврати изјави дека жените имаат важна улога во Католичката црква.

Во јануари тој го промени законот за да им дозволи да можат да читаат литургии, да служат на олтар и да делат причест, но не спомена дека овие измени еден ден би можеле да им овозможат на жените да бидат свештенички.

Во февруари, тој назначи жена за потсекретар на бискупскиот синод, прва жена со право на глас во тело кое проучува важни прашања од доктрината.

Во 2016 година, папата формираше комисија задолжена за проучување на историјата на жените ѓакони за време на раните години на Католичката црква во процес што веројатно би можел да го отвори патот за жените до таа позиција денес, се надеваат реформаторите.

Но, заклучоците на таа комисија не ги исполнија очекувањата и папата го продолжи проучувањето на ова прашање за уште една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ