вторник, 5 мај 2026

Пандемијата не стивнува, нови рекорди во бројот на новозаразени во Австрија, Словачка, Словенија, Русија

Објавено на

часот

Сподели

Во истиот период биле тестирани 7.722 лица, од кои дури 44,7 отсто биле позитивни, јавува љубљанско Дело.

Претходниот рекорд во бројот на нови случаи беше поставен на 5 јануари годинава, кога 3.428 лица беа позитивни на тестот за вирусот.

Во Словенија во моментов има 29.354 активни случаи.

Според Телевизија Словенија, и покрај рекордниот број нови пациенти, властите засега нема да воведат 10-дневен карантин во земјата.

Шефот на кризниот штаб Матеј Логар изјави дека ќе се воведат построги мерки – поголема контрола на условите во рестораните и работа од дома во јавниот сектор.

Како што се наведува, Владата в четврток на седницата ќе го разгледа воведувањето нови мерки.

Во изминатите 24 часа во Словачка 5.361 новозаразен

Словачка регистрирала 5.361 нов случај на коронавирусот во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја.

Ова е втор најголем дневен број на новозаразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.

Се додава дека 69 отсто од новите случаи на заболени се лица што не биле вакцинирани.

Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската Унија, со само 52,9 отсто од возрасната популација целосно вакцинирани, според Ројтерс.

Нов рекорден број на смртни случаи за еден ден од ковид во Русија – 1.189

Во изминатите 24 часа Русија повторно забележа рекорден број починати од последиците од коронавирусот – 1.189, соопшти денеска Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртните случаи во Русија достигна 242.060 случаи, пренесува агенцијата Тасс.

Во Русија во наведениот период се регистрирани 40.443 новозаразени лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 8.633.643, соопшти кризниот центар.

Бројот на активни случаи, односно пациенти што во моментов се во болница е зголемен на 946.145 пациенти, соопшти кризниот центар.

Нов рекорд од 6.506 новозаразени во Австрија

Австрија бележи нов рекорден дневен број на новозаразени со 6.506 заразени со коронавирусот.

За споредба, пред една недела бројот на новозаразени беше 4.261.

Бројот на пациенти со ковид во болниците низ Австрија се зголеми за 133 на вкупно 1.752.

Во моментов на интензивна нега има 333 пациенти со ковид, што е за 16 повеќе од вчера.

Во последните 24 часа починале 20 заболени, така што досега починале 11.400 заразени со коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ