вторник, 5 мај 2026

Орбан: Земете си ги мигрантите, Унгарија нуди коридор

Објавено на

часот

Сподели

„Ако ви требаат, земете ги“, рече Орбан во интервју за унгарското радио.

Тој оцени и дека мигрантите „увезуваат“ разни соеви на коронавирусот во Европа.

Како што појасни, миграциите прават пандемијата да се шири побрзо преку мигрантите, пренесува МТИ.

Орбан додаде дека Унгарија е подготвена да отвори коридор за мигрантите што одат во Австрија, Германија и Шведска и одби да му дозволи на Брисел да ѝ го „натура“ своето мислење на Унгарија.

„Унгарците одлучуваат кому да му биде дозволен влез во земјата и со кого сакаат да живеат“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ