вторник, 5 мај 2026

Орбан, Моравјецки и Салвини разговараа за формирање нова политичка група во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Европските политички семејства на италијанската Лига и на партијата на Моравјецки Право и правда (ПиС), Идентитет и демократија, односно Европските конзервативци и реформисти, ќе ги продолжат преговорите за соработка оваа недела, кажаа тие.

Орбан, Салвини и Моравјецки го истакнаа и успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, која во јуни ја објавија 16 партии, рече Берталан Хаваси.

Неколку партии и политички организации искажаа интерес да го потпишат овој документ, рекоа тие.

Декларацијата, која ја потпишаа партиите претежно од крајната десница, предупреди за обидите за создавање „наднационална европска држава“ во ЕУ и повика на заштита на тоа што тие го сметаат за „европски вредности“ како што се „улогата на традиционалното семејство“ и „јудеохристијанските вредности“ како темел на Европа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ