четврток, 7 мај 2026

Орбан: Блокадата на планот за унгарското заздравување е брутална саботажа која ја спроведува ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Целиот процес од аспект на единството и иднината на Европа е најбрутална саботажа“, изјави унгарскиот лидер на годишната конференција за медиуми која траеше повеќе од три часа.

Европската Унија која им позајмува пари на пазарите „во име на 27-те членки нема правна основа за замрзнување на средствата“, оцени Орбан и додаде дека тоа се „кратковидни одлуки“ кои ја разбиваат Унијата.

Во рамки на европскиот план за постпандемиско заздравување Унгарија има право на неповратни 7,2 милијарди евра во текот на пет години.

За неговите насоки, предадени на Брисел во мај, Европската комисија требаше да донесе одлука до 12 јули, но Брисел одлучи да го продолжи процесот на разгледување на поплаките за кршење на владеењето на правото во Унгарија.

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Будимпешта кон средината на декември оцени дека владата на Орбан „одлучила да не напредува по тие прашања“ пред парламентарните избори во април 2022, па ЕУ „до тогаш нема да изврши исплати на средствата“.

Европската комисија изразува загриженост околу независноста на унгарското правосудство и слободата на медиумите, како и унгарското непочитување на одлуката на Судот на ЕУ за правото на азил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ