петок, 24 април 2026

Нов Зеланд одобри вакцина за деца и адолесценти

Објавено на

часот

Сподели

Нов Зеланд во четвртокот влезе во остра блокада откако беше идентификуван локално пренесен случај на зараза со ковид-19, прв во скоро шест месеци. Кластерот во Окленд сега брои 21 случај на зараза, од кои 11 нови случаи се регистрирани во четвртокот.

Ардерн објави дека децата на возраст од 12 до 15 години ќе можат да ја примат вакцината Фајзер/Бионтек против коронавирус.

„Безбедна е и тоа е добро да се направи“, рече Ардерн.

Претходно, вакцината беше одобрена за луѓе на возраст од 16 години и постари. Предвидени се две дози со интервал од шест недели.

Ардерн рече дека здравствените власти сега се прилично сигурни за тоа како вирусот влегол во земјата. Испитувањето доведе до патник кој пристигна на 7 август од Сиднеј, Австралија.

„Знам дека сите сме подготвени на тоа дека бројот на случаи ќе се влоши пред да се подобри. Мислам дека денес го пронајдовме парчето од сложувалката што го баравме“, рече премиерката на Нов Зеланд.

„Отсекогаш имавме свој начин на жесток и ран одговор, бидејќи тоа е многу подобро од благ и долг пристап што резултира со продолжување на карантинот“, објави Ардерн на Фејсбук пред воведувањето на карантинот.

Со население од пет милиони луѓе Нов Зеланд ќе остане во строго затворање барем до сабота.

Земјата досега имала околу 2,580 случаи на ковид-19 и 26 смртни случаи.

Нов Зеланд, како островска држава, досега се бранеше од проширување на заразата со коронавирус преку затворање на границите и воведување на најстроги мерки уште на самата појава на заразата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ