вторник, 5 мај 2026

Невакцинираните јавни службеници во Њујорк испратени на неплатен одмор

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 300.000 луѓе што работат во јавните служби во Њујорк мораа до денеска да се вакцинираат и тоа го почитуваа деведесет отсто од вработените, така што во градот сѐ функционира нормално, рече Де Блазио, пренесува АП.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што се вакцинираа и така ја направија вистинската работа, која ни овозможува да тргнеме напред“, кажа Де Блазио.

Меѓутоа, пожарникарската служба има проблеми, зашто од 350 станици, колку што ги има во градот, 18 не работеа поради недостиг од луѓе, рече началникот на пожарникарската служба Даниел Нигро.

До неделата секој четврти пожарникар не ја добил првата доза на вакцината, што беше услов да продолжат да работат, а тоа не го направил ни секој шести полицаец, како ни шестина од вработените во Градска чистота.

Комесарот на полицијата Дермот Ше кажа дека големо мнозинство невакцинирани се повикале на религиозни или здравствени причини, така што денеска се испратени на неплатено отсуство само 34 полицајци и 40 граѓани што работат во полицијата.

Во сите градски служби вкупно околу 12.000 луѓе се повикале на религиски или здравствени причини, и тие останале на работа сѐ додека нивните случаи не се разгледаат поединечно. Денеска околу 2.300 пожарникари се на боледување, а дневниот просек е околу 1.000 луѓе, рече Нигро и оцени дека очигледно станува збор за протест против задолжителната вакцинација.

Лидерот на синдикатите што ги застапува њујоршките пожарникари предупреди дека поради воведувањето на задолжителната вакцинација би можела да биде загрозена јавната безбедност, зашто се очекува дека пожарникарската служба ќе работи со 20 отсто помал капацитет, а ќе има на располагање и една петтина амбулантни возила помалку.

Меѓутоа, Де Блазио порача дека приоритет во јавната безбедност е запирањето на ширењето на ковидот и дека нема да се откаже од вакцинацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ