вторник, 5 мај 2026

На премиерката на Данска ѝ се заканува истрага за убиство на куни

Објавено на

часот

Сподели

Таа тогаш негираше дека владата немала законско овластување да го нареди тој потег.

Откако на фармите беше откриена мутирана верзија на коронавирусот што може да се прошири на луѓето, нејзината влада нареди да се убијат сите 17 милиони куни во земјата во ноември 2020 година.

Владата подоцна призна дека немала законско овластување да убива здрави животни, туку само заразените со коронавирус, а Моргенс Јенсен, данскиот министер за земјоделство, поднесе оставка поради тоа.

„Каков мотив требало да има владата да го прикрие недостатокот на правна основа? Дозволете ми да бидам многу јасна: не знаев“, рече Мете Фредериксен на прес-конференција во средата, пренесува Ројтерс.

Во декември, парламентот започна истрага за тоа дали другите членови на владата, вклучително и премиерката Фредериксен, знаеле дека нема правна основа за одлуката, а го игнорирале тоа. Пратениците од опозицијата ја обвинија премиерката дека намерно ја попречува истрагата чии заклучоци требало да бидат донесени во април.

Инспекторите сакале да ги прегледаат текстуалните пораки испратени од Мете Фредериксен и официјалните лица од нејзината канцеларија, но тие биле избришани затоа што службениците ги поставиле своите телефони да ги бришат пораките по 30 дена, а Министерството за правда сега работи со полицијата на нивна реконструкција.

„Дали овие СМС пораки ќе покажат нешто ново за моето знаење за недостатокот на правна основа? Не, нема“, рече Мете Фредериксен.

Поради одлуката на владата на премиерката Мете Фредериксен да убие 17 милиони визони од 1.100 фарми, изби најголемата криза на данската влада од почетокот на пандемијата на коронавирус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ