вторник, 21 април 2026

На Миконос забранета музика во ресторани и барови и воведен полициски час

Објавено на

часот

Сподели

Познат како остров за забава на богатите, Миконос е една од најпопуларните дестинации, која привлекува повеќе од милион посетители секое лето, а меѓу нив има и холивудски sвезди, модели и спортисти.

По „загрижувачкото“ ширење на ковид-19, дирекцијата за цивилна заштита забрани музика на островот, а воведен е и полициски час од 1 до 6 часот наутро.

Ограничувањата ќе важат до 26 јули.

Туризмот претставува петтина од грчката економија, на која и треба силна сезона по катастрофалната 2020.

Бројот на заразени расте во последните неколку недели и затоа владата воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници и работниците во домови за стари и изнемоштени лица.

Воведени се нови ограничувања низ целата земја и само на вакцинирани лица им е дозволен влез во затворениот дел на рестораните, кафулињата и клубовите.

„Апелираме до жителите, посетителите и работниците на нашиот прекрасен остров строго да ги почитуваат правилата за да можат да го контролираат и сузбијат ширењето на вирусот и да го вратат Миконос во нормална состојба“, се вели во соопштението на цивилна заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ