петок, 24 април 2026

На брегот на лагуна во Шпанија морето исфрли тони мртви риби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Локалните власти ги обвинија рекордно високите температури за овој масовен помор на риби во Мар Менор, но научниците велат дека загадувањето од локалното земјоделство влијаело врз него, намалувајќи го квалитетот на водата.

Според извештаите на локалните медиуми, шпанската влада го разгледува барањето за прогласување катастрофа за областа Мар Менор. Барањето го поднесе регионалната влада, која е под зголемен притисок да ја спаси лагуната, која со години ја мачат еколошки проблеми.

Сместена на шпанскиот југоисточен брег на Медитеранот, лагуната некогаш привлекувала туристи. Но, квалитетот на водата значително е влошен во последниве години, што доведе до деградација на екосистемот и масовно изумирање на рибите во 2016 и 2019 година.

Еколошкото здружение ВВФ Еспана смета дека главната причина за масовниот помор на рибите е „интензивното земјоделство во таа област“. Имено, еколозите веруваат дека алгите цветаат во водите во кои се наоѓаат високо ниво на хемикалии. Развојот на алги ја блокира сончевата светлина и го намалува нивото на кислород во водата, што пак им отежнува на морските суштества да преживеат.

„Луѓето ова го нарекуваат зелена супа, а причина за неа е вишокот ѓубриво во водата“, рече Рамон Паган од локална група за заштита на околината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ