„Не така одамна германските медиуми објавија шокантна истрага и видео-снимки од границата на Европската Унија. Тие материјали јасно покажуваат како „високите стандарди на човековите права кои се целосно во согласност со вредностите на Европа“ се применуваат во пракса. Мажи со атлетска градба во специјални униформи без идентификациски обележја на хрватската граница ги тепаат со палки мигрантите кои дошле од земјите на јужна Азија викајќи им „Одете во Босна!““, истакна Захарова.
Таа истакна и дека, според медиумите, за протерување на мигрантите надвор од Европската Унија се формираат специјални „одреди“ сочинети од припадници на специјалните полициски оддели на земјите од ЕУ, „а многу од нив се ветерани на балканските војни од деведесеттите“.
„Медиумите открија и дека Европската Унија на земјите од југоисточна Европа им издвоила 532 милиони евра за „заштита на границите“. Очигледно дел од тие пари отишле на издржување на таквите одреди“, порача Захарова, а пренесува Спутник.
Според неа, новинарите се сигурни дека „граѓаните на ЕУ плаќаат дури и за униформите на тие исфрлачи, бидејќи хрватските служби ги набавуваат со пари на европските даночни обврзници“.
„Нечовечката борба против продорот на мигрантите во ЕУ со физичко исфрлање и материјално спонзорирање на газењето на сите доктрини на човековите права е проследено не само со легален, туку и со официјален увоз во Европа на илјадници бегалци од Авганистан“, заклучи портпаролката.
Во октомври хрватското јавно обвинителство наложи истрага против полицајци кои се осомничени дека со палки тепале мигранти на границата со БиХ.
Хрватски РТЛ објави снимка на која се гледаат маскирани лица, облечени во облека слична на полициската, како со палки удираат мигранти на границата со Босна и Херцеговина, иако тие не пружаат отпор.






