сабота, 18 април 2026

Мистерија кај Хаити: на брод најдени 20 мртви, меѓу кои и деца

Објавено на

часот

Сподели

Властите ја исклучиле можноста дека тие починале со насилна смрт, но сѐ уште не можат да ја утврдат причината за смртта. Сè уште се прават обиди да се утврдат и идентитетите на починатите.

Рибарите во четвртокот наутро го забележале бротчето како плута, па полицијата го довлекла до брегот. Портпаролот на полицијата Такара Баин изјавил дека бродот дошол од кај Карибите и дека островите Туркс и Каjкос веројатно не биле неговата дестинација.

„Ќе треба долго време да се утврди што се случило. Без оглед на околностите, ова е трагичен настан, во кој многу луѓе го загубија животот. Ние ќе сториме сѐ што можеме за да ги идентификуваме жртвите и да ги информираме нивните семејства“, рече тој.

Островите Туркс и Кајкос честопати се магнет за Хаитјанците што сакаат да избегаат од сиромаштијата, а територијата се користи и како точка за претовар од страна на трговците со луѓе. Полицијата во петокот пресретнала 40-метарски брод со повеќе од 40 мигранти од Хаити, меѓу кои имало и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ