сабота, 2 мај 2026

Месиќ за Конференцијата на неврзаните во Белград: „Чист историски фалсификат“

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, тој констатираше дека „Хрватска морала да има поактивна улога во Движењето на неврзаните, и покрај членството во НАТО и Европската Унија“ и јасната интеграција во земјите од западниот систем на вредности.

„Жал ми е што Хрватска на планот на соработката со Движењето на неврзаните не направи речиси ништо, како сè уште да постои страв кај актуелната власт дека тој потег би се протолкувал како желба за враќање на Југославија“, кажа Месиќ и истакна дека таа држава е мртва и повеќе не може да постои.

Во изјавата за хрватски Т-портал, Месиќ кажа дека Јосип Броз Тито како главен организатор и коосновач на Движењето на неврзаните со тоа изградил силна политичка позиција и станал еден од најголемите светски државници и тврди дека тоа што името на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ ниту еднаш не било спомнато токму на 60-годишнината од првиот состанок е „чист историски фалсификат“.

Напомена дека во медиумите беше објавен делот од говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во кој денешна Србија ја претставува како „правен наследник на Југославија“, што, како што кажа, е апсолутно погрешно.

„Основач на Движењето на неврзаните беше Југославија, а нејзини наследници се сите конститутивни елементи на државата, ни помалку ни повеќе“, кажа Месиќ.

Тој оцени и дека Движењето на неврзаните би можело повторно да одигра позитивна улога и да придонесе на смирување на тензиите доколку земјите членки се координирани. Многу зависи, како што кажа, од земјата која ја презема штафетата – Азербејџан.

„Пораките од самитот во Белград секако не одат во таа насока – всушност, освен тоа што ја занемарија улогата на Тито, таму не слушнавме ниедна порака која заслужи внимание“, смета поранешниот хрватски претседател, кој кажа дека непријатно го изненадило тоа што на Белградскиот саем не беше повикан поранешниот југословенски министер за надворешни работи Будимир Лончар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ