Во септември Австралија го откажа договорот со Франција за изградба на подморници, што беше еден од условите за постигнување нов безбедносен договор со САД и Велика Британија според кој Австралија ќе добие пристап до подморници на нуклеарен погон.
Франција го сфати ова како предавство и, по откажувањето на договорот, ги повлече своите амбасадори од Вашингтон и Канбера на консултации.
I ask French President Emmanuel Macron whether Scott Morrison lied to him: “I don’t think, I know.” pic.twitter.com/3tcg4xrl90
— Bevan Shields (@BevanShields) October 31, 2021
„Имам голема почит за вашата земја и за вашиот народ. Само сакам да кажам дека кога постои взаемно почитување, тогаш мора да бидете искрени и да се однесувате доследно на таа вредност“, им рече Макрон на група австралиски новинари во Рим за време на самитот на Г20.
„Ќе видиме што ќе испорача“, рече Макрон на прашањето дали некогаш ќе може повторно да му верува на Морисон.
„Дали мислите дека ве лажеше?“, директно го праша еден новинар.
„Не мислам, знам“, одговори Макрон.






