Како што пренесуваат приштинските медиуми, Макрон на новинарите заедно со премиерот на Косово Аљбин Курти, пред почетокот на разговорот, им кажа дека народот и раководството на Косово како и сите земји од Западниот Балкан се заинтересирани за Европската Унија.
„Ги повикувам Косово и Србија како Европејци да се ангажираат во постигнувањето на договор и наоѓање компромис“, кажа претседателот на Франција.
Курти го покани Макрон да го посети Косово.
Косовскиот премиер оцени дека со доаѓањето на претседателот Џо Бајден на чело на САД, се создава нова политика со врамнотежено учество и поголема доверба од страна на Косово.
По обраќањето до медиумите почна средбата Макрон-Курти.






