„Европејците, кои водат хибридна војна против нас, Русија и Кина, не само што создава жариште на силни тензии, туку и поттикнува трета светска војна“, кажа белорускиот претседател за телевизијата Скај њуз.
Тој истакна дека по Европејци ги подразбира исклучиво „лудите политичари“ од европските земји, а не нивните народи.
Според Лукашенко, причината за таквото однесување на Европа е што државите не се самостојни во својата политика и се наоѓаат во колонијална зависност од Соединетите Американски Држави.
„Односите на САД и земјите од Западна Европа се односи на метропола и колонии“, оцени Лукашенко, наведувајќи ја како пример неодамнешната афера со шпионирањето на европските лидери од 2012 до 2014 година од страна на Агенцијата за национална безбедност на САД, со учество на Данска.
Во интервјуто Лукашенко кажа дека колективниот Запад доживеа неуспех кога станува збор за спроведувањето на „обоената револуција“ во Белорусија.
На крајот истакна дека Русија останува главен партнер на Минск.






