среда, 22 април 2026

Лондон ѝ порача на Европската унија: Договорот за брегзит нема да трае вечно

Објавено на

часот

Сподели

„Договорот е договор, но тоа не е нешто што ќе трае вечно“, изјави Квартенг за Скај. „Беше флексибилен и сакаме тоа да функционира поедноставно“, додаде тој.

„Членот 16… Можевме да го суспендираме, но решивме да не го правиме тоа. Ова не е нашата почетна позиција и сакаме да можеме да преговараме и да разговараме со ЕУ за тоа како најдобро да одиме напред“, истакна британскиот министер за претприемништво.

Лондон во средата побара од ЕУ да го смени протоколот за Северна Ирска само една година откако беше договорен.

ЕУ веднаш го отфрли таквото барање, велејќи дека Велика Британија треба да ги почитува меѓународните обврски. Брисел посочи на фактот дека за протоколот преговарал британскиот премиер Борис Џонсон.

Протоколот беше клучен дел од договорот за брегзит, поддржан од Џонсон. Со протоколот Северна Ирска остана дел од единствениот европски пазар за стоки, но затоа мора да се спроведуваат контроли врз стоките што го преминуваат Ирското Море.

Компаниите во Северна Ирска велат дека тоа ѝ штети на трговијата, а северноирските синдикалци протестираа против слабеењето на врските со остатокот од Велика Британија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ