вторник, 5 мај 2026

Лицемерните милијардери и забавите во Турција: како Безос и Гејтс ја уништуваат планетата

Објавено на

часот

Сподели

Безос беше еден од гостите на прославата на 66. роденден на Гејтс во турскиот град Бодрум. Роденденската забава траела околу четири часа, на менито имало морска храна, суши и пица, а се пиело и шампањ, објави Бизнис инсајдер.

Турските медиуми пишуваат дека на сите вработени на забавата не им било дозволено да користат телефони за да се заштити приватноста на гостите.

Она што особено ги налути зелените активисти е тоа што Гејтс со хеликоптер ги превезол сите 50 гости, меѓу кои и Безос, од јахтата „Лана“ до дискотеката „Си ми бич“ во Фетије, каде што се одржувала прославата. Покрај тоа, Безос пред прославата и до јахтата дошол со хеликоптер, пишува Дејли мејл.

Според пресметките, тој со хеликоптер прелетал вкупно нешто помалку од 200 километри, а млазното гориво што се користи за погонот на хеликоптерот испушта девет килограми честички јаглерод диоксид по согорен галон гориво. Научниците заклучија дека хеликоптерот на Безос за време на ова патување испуштил 97 килограми честички јаглерод диоксид во атмосферата.

Во исто време, и Гејтс и Безос често престојуваат на суперјахти, од кои секоја испушта 7.020 тони јаглерод диоксид годишно или 19 тони дневно.

Покрај загадувањето, гневот на јавноста го предизвика и расфрлањето со пари. Имено, Гејтс за ова роденденско патување изнајмил луксузна јахта со теретана, џакузи и базен по цена од 1,8 милион евра неделно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ