Неидентификуваното лице долетало во Бирмингем во централна Англија. Нема детали што потоа се случило со него.
„Во Авганистан има луѓе кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Од таа причина владата спроведува детални проверки за да спречи во Британија да влезат оние за кои се сомнева дека се милитанти или дека претставуваат безбедносна закана“, изјави портпарол на британската влада.
Скај њуз пренесува дека висок службеник на граничната полиција им кажа на пратеници дека пет лица од црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош и дека четири биле спречени. Петтото лице успеало да се пробие до Бирмингем.






