Употребата на зборовите поврзани со вакцините нагло се зголеми во 2021 година поради пандемијата, при што особено често се користат двојно вакцинирани, невакцинирани и антиваксери, јавува Би-би-си.
Уредничката на Оксфордскиот речник, Фиона Мекферсон, вели дека зборот „вакс“ бил очигледен избор бидејќи оставил „највпечатлива трага“.
„Овој збор датира барем од осумдесеттите години на минатиот век, но ретко се користеше до оваа година“, рече таа.
Победничкиот збор за прв пат е забележан на англиски јазик во 1799 година, додека зборовите изведени од него, vaccinate и vaccination, првпат се појавиле во 1800 година.






