„Неодамна од Европската комисија е речено: Ајде да разговараме со Русија за заемно признавање на вакцините и сертификатите. Ние сме отворени за тој дијалог“, рече Лавров на вебинар за руската надворешна политика, пренесува ТАСС.
Европската агенција за лекови не ја одобри употребата на Спутник во ЕУ, но Унгарија и Словачка ја купија најпознатата руска вакцина против коронавирус.






