Според изворите, Лавров земал збор на вечерата по повод собирот за безбедност и соработка во Стокхолм на 1 декември, и сакал да потсети дека „уривањето на проруската власт во Украина во 2014 година бил државен удар“.
Тој исто така наведе дека Северноатлантската алијанса и Европската Унија го отфрлаат секое други мислење и ѝ се закануваат на Русија.
Блинкен возвратил сумирајќи ги настаните од 2014 година, кажувајќи дека силите лојални на тогашниот претседател Виктор Јанукович пукале во демонстрантите во Киев и убиле повеќе од 100 луѓе, пред тој да „избега и замине во Русија“.
Американскиот државен секретар исто така се обидел да го претстави НАТО како дефанзивен воен пакт.
Руската портпаролка за надворешни работи Марија Захарова ги отфрли тврдењата дека Блинкен победил во расправата со Лавров, одговарајќи им на украинските медиуми кои тврделе дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и Блинкен „го спуштиле Лавров каде што му е местото“.






