петок, 1 мај 2026

Лајен: Договорот меѓу Косово и Србија е добра вест за целиот регион

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е мошне позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Аљбин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи“, напиша Лајен на Твитер.

Таа, исто така, го сподели твитот на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за постигнувањето на договорот и фотографија од самиот договор.

„Имаме договор!“, напиша Лајчак. „По дводневните интензивни преговори, штотуку е постигнат договор за деескалација и за патот напред. Им благодарам на Бесник Бислими и Петар Петковиќ за нивната подготвеност да преговараат и да се договорат за доброто на луѓето.“

Вчера Косово се согласи да ги повлече специјалните полициски единици од северната граница со Србија, со цел да му се стави крај на спорот околу регистарските таблички, кој накратко прерасна во насилство и го поттикна НАТО да ги засили патролите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ