недела, 3 мај 2026

Кремљ: Средба на Путин и Бајден е можна оваа година

Објавено на

часот

Сподели

Тој на конференција за новинарите кажа дека помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и заменичката на американскиот државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд на неодамнешната средба разговарале за „различните опции и дека е постигнато извесно разбирање“, пренесува руската агенција ТАСС.

„Ќе ве информираме кога ќе бидат финализирани од аспект на форматот и датумот“, кажа Песков.

На прашањето дали таква средба е можна годинава, Песков кажа дека е „реална во еден или друг формат. Ќе ве известиме однапред“.

На пленарната седница на Руската недела на енергијата на 14 октомври, рускиот претседател спомна дека Нуланд за време на посетата на Москва ја спомнала можноста за контакт на највисоко ниво.

Путин и Бајден одржаа на 16 јуни самит во Женева. Тоа беше нивна прва средба очи во очи, како и прв самит Русија – САД од 2018 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ