недела, 3 мај 2026

Кралицата неволно ја откажа посетата на Северна Ирска по лекарски совет

Објавено на

часот

Сподели

Британската кралица Елизабета Втора го прифати советот на лекарот да се одмори следните неколку дена и ја откажа планираната посета на Северна Ирска, објави во средата Бакингемската палата.

95-годишната монархиња ќе остане во замокот Виндзор, но сепак се очекува да присуствува на конференцијата за климатски промени КОП26 во Глазгов подоцна овој месец.

„Кралицата неволно го прифати советот на лекарот да се одмори следните неколку дена“, објави Палатата.

„Нејзиното Височество е во добро расположение и е разочарана е што нема да може да ја посети Северна Ирска, каде што денес и утре требаше да има низа ангажмани“, се наведува.

Кралицата испраќа „најтопли желби до народот во Северна Ирска и со нетрпение ја очекува идната посета“, се додава.

Кралицата Елизабета Втора владее речиси седум децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ