вторник, 5 мај 2026

Ковидот не е готов, нѐ чека тежок Божиќ, вели британски епидемиолог

Објавено на

часот

Сподели

„Премногу луѓе веруваат дека оваа пандемија сега е готова. Јас лично чувствувам дека претстојат неколку тешки зимски месеци и дека не е готово“, рече епидемиологот Џонатан Ван Тем за Би-би-си ТВ.

Тој, меѓутоа, додава дека од однесувањето на граѓаните и од примената на дополнителните дози ќе зависи колку ќе биде тешка зимата.

„Божиќ и навистина сѐ помрачните зимски месеци потенцијално ќе бидат проблематични“, изјави Тем.

Британија вчера пријави 293 смртни случаи од ковид-19, што е најголема дневна бројка од март, а во последниве недели имаше во просек околу 40.000 нови случаи секој ден, потсетува агенцијата Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во јули ги укина ограничувањата во Англија и порача дека планира да се избори со ковидот во текот на зимата, потпирајќи се на вакцинацијата, а не на задолжителното носење маски или затворања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ