петок, 22 мај 2026

Конечно ослободен бродот што го блокираше Суецкиот канал

Објавено на

часот

Сподели

Огромниот товарен брод предизвика светска криза во снабдувањето кога на крајот на март се заглави во Суецкиот канал, каде остана шест дена, пишува Бизнис инсајдер.

Дури и откако беше одглавен, не му беше дозволено да го напушти Суецкиот канал. Прво беше задржан за инспекција, а потоа на 13 април Египет го заплени бродот, барајќи компензација.

Тој престојуваше во езерото кое е дел од Суецкиот канал, каде целиот екипаж на бродот чекаше додека двете страни преговараа.

Компанијата осигурител на бродот Ју-кеј клаб, објави соопштение во кое се наведува дека сопствениците на бродот, јапонската компанија Шоеи кисен каиша лимитед и управата на Суецкиот канал работат на тоа „да се спроведе што е можно побрзо финализацијата на потпишаниот договор“, што доведе до ослободување на бродот.

Барањето на Египет за компензација почна од речиси милијарда долари, но се намалуваше со време.

На крај побараа 550 милиони американски долари, под услов 200 милиони да бидат исплатени однапред.

Сè уште не е познато што содржи сегашниот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ