петок, 22 мај 2026

Комунистичката партија на Кина одбележа 100 години постоење

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата на доделувањето на медалите е одржана во Големата народна сала во Пекинг и е емитувана на националната телевизија, додека партијата се подготвува за низа свечености по повод 100 годишнината од основањето, што официјално се обележува во четврток.

„Медали 1 јули“, чие воведување беше најавено во 2017 година, а за прв пат се врачуваат во вторник, се дел од напорите на Си за промена на имиџот на една од најмоќните политички партии во светот.

Си ги повика сите членови цврсто да ја одржуваат лојалноста и љубовта кон партијата и кон народот, близу до своите срца. „Претворете го тоа во дела, посветете сè, дури и вашите вредни животи, на партијата и на народот“, рече тој.

Медалот се доделува за извонреден придонес во партијата, а меѓу 29-те добитници има војници, работници, уметници и научници.

Комунистичката партија на Кина имала 91,9 милиони членови во 2019 година, што е 6,6 проценти од вкупното население во земјата и е на власт од 1949 година.

Како дел од еднонеделното одбележување на нејзиното основање, партијата организирала прослава во понеделникот вечер на Националниот стадион во Пекинг, познат како Птичјо гнездо.

Партиските лидери и странските дипломати можеле да видат програма составена од песни, танци и настапи со кои се фали Комунистичката партија на Кина за доведување на земјата до статусот на голема сила.

Темната страна на партиската историја, како што се гладот во доцните 1950-ти, Културната револуција во 1960-тите или масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година, не беа споменати.

Церемонијата е завршена со пеење на песната „Без Комунистичката партија, немаше да има Кина“ и петминутен огномет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ