вторник, 5 мај 2026

Кина ќе ги смета за доживотно кривично одговорни приврзаниците на независноста на Тајван

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат Кина да спомене конкретна казна за луѓето кои ја поддржуваат независноста на Тајван, во време кога се зголемуваат тензиите меѓу Кина и самоуправниот остров кој Кина го присвојува.

Канцеларијата ги именуваше тајванскиот премиер Су Ценг Чанг, претседателот на парламентот Ју Си Кун и министерот за надворешни работи Џозеф Ву како луѓе кои „тврдоглаво ја поддржуваат независноста на Тајван“, за прв пат јавно објавувајќи список на луѓе кои спаѓаат во таа категорија.

Кина ќе ги казни овие луѓе така што нема да им дозволи влез во земјата и во административните региони Хонг Конг и Макао, изјави во петокот портпаролката Жу Фенглијан.

Лицата од црната листа нема да можат да соработуваат со субјекти или луѓе од Кина, ниту пак тие компании и поединци кои ги основале ќе можат да профитираат од Кина, додаде таа.

Тајванските политичари најмногу се потпираат на донации од компании за финансирање на своите изборни кампањи. Бројни тајвански компании профитираат од соработка со Кина.

Кина, исто така, ќе ги преземе „сите други неопходни мерки“ против овие луѓе, рече Жу.

Таа ја истакна пораката што Кина сака да ја испрати до поддржувачите на независноста на Тајван: „Оние кои ги забораваат своите предци, ја предаваат својата татковина и ја делат земјата, нема да завршат добро и луѓето ќе ги презираат, а историјата ќе ги осуди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ