сабота, 2 мај 2026

Јапонија го распушти парламентот, нови избори на 31 октомври

Објавено на

часот

Сподели

11 дена по преземањето на функцијата Кишида има поддршка од јавноста, покажуваат анкетите, што зборува за неговата цел да го задржи мнозинството во Долниот дом за својата Либерално демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер Комеито.

Осврнувајќи се на изминатите 11 дена, Кишида рече: „Имав многу напорен распоред, но чудно, не се чувствувам уморно – се чувствувам исполнето“.

Гласачите сакаат влада која има планови за решителни мерки со цел ставање крај на пандемијата и обнова на економијата. Неодамнешното истражување на весникот Санкеи покажа дека околу 48 проценти од испитаниците велат дека сакаат администрацијата на Кишида најсилно да работи во борбата против пандемијата, проследено со економското закрепнување и вработување.

Партијата на Кишида ги промовира неговите напори да воведе мерки против коронавирусот, вклучително и испорака на орални антивирусни лекови оваа година, како и неговата визија за постигнување на „нов капитализам“ што се фокусира на економски раст и прераспределба на богатството.

Владејачката партија, исто така, повика на итно зголемување на трошоците за одбрана со цел стекнување способност за уништување балистички проектили поради се поагресивниот став на Кина кон Тајван.

Главната опозициска партија на Уставните демократи (ЦДПЈ), предводена од Јукио Едано, нагласи прашања како што се неговата поддршка за истополовите бракови и различни презимиња за паровите.

ЛДП останува социјално конзервативна и, иако е постигнат напредок во областа на ЛГБТК правата во општеството, Кишида рече дека не е за истополови бракови.

Најголемиот предизвик за Уставните демократи е нивната ниска поддршка. Неодамнешната анкета на весникот Асахи Шимбун покажа дека само 13 проценти планираат да гласаат за нив, далеку зад 47 проценти за ЛДП. Според повеќето други истражувања, поддршката им била забележана со едноцифрен број.

Едано рече дека неговата партија, доколку ја освои власта, ќе работи на распределба на богатството за да се поттикне растот.

„Зголемување на платите и распределба кога ќе се постигне раст, велеше (поранешниот премиер Шинзо) Абе. Но, во последните осум, девет години, немаше раст и немаше зголемување на платите “, рече Едано пред новинарите. „Ако прво не го распределиме богатството, нема да се постигне раст. Тоа е прилично јасна разлика“, истакна Едано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ