Пред неделата, немало ниту еден ден без починати од ковид-19 од 2 август 2020 година, според податоците на националната телевизија НХК. Во саботата, сепак, биле регистрирани три смртни случаи.
Бројот на новозаразени и смртни случаи од ковид-19 драстично е намален низ Јапонија бидејќи досега се вакцинирани повеќе од 70 проценти од населението.
Бројот на новозаразени достигна врв во текот на август, кога имало повеќе од 25.000 на ден, како резултат на брзото ширење на делта варијантата на вирусот.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија, повеќе од 18.000 луѓе починале од ковид-19.
За да се спречи можното ширење на нов бран на вирусот во текот на зимата, владата планира да започне со дополнителна вакцина следниот месец и работи на обезбедување третман базиран на таблети за поблагите случаи на болеста за да се намалат хоспитализациите.






