петок, 1 мај 2026

Јанша разговараше со Џонсон за опасностите од „трети актери“ на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Според Даунинг стрит, Џонсон и Јанша разговарале за билатералните односи меѓу двете земји во изминатите 30 години, како и за трговски прашања и за работата на надворешнополитички прашања од заеднички интерес.

Меѓу другото, Џонсон и Јанша „се согласија дека треба да се охрабрат стабилноста и просперитетот на целиот Западен Балкан“, се вели во соопштението на британската влада.

Словенија претседава со Советот на ЕУ овој семестар, а еден од нејзините приоритети е побрзата европска интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу другото и од геополитички причини поради опасноста од зголеменото влијание на „трети“ актери во регионот. Следната недела Словенија организира неформален самит ЕУ-Западен Балкан.

Јанша и Џонсон, исто така, разговарале и за борбата против ковид-19 и за важноста на што е можно поголем обем на вакцинација со цел да се отворат економиите, а се согласиле и за важноста на борбата против дезинформациите што се појавуваат во кампањата за вакцинација.

Во разговорот, Џонсон, исто така, ја изразил „длабоката загриженост“ на британската влада за протоколот за Северна Ирска и „влијанието што го има врз луѓето и заедниците во Северна Ирска“.

Џонсон „ја нагласи потребата ЕУ да се вклучи во наоѓање одржливо решение“ за ова деликатно прашање меѓу Лондон и Брисел, велејќи дека таквото решение нема да го загрози Договорот од Велики петок, со кој бил обезбеден мир во Северна Ирска по годините конфликт.

Јанша и Џонсон разговарале и за голем број надворешнополитички прашања, меѓу кои и „важноста на стабилноста во индо-пацифичкиот регион“.

Во Лондон Јанша се сретнал со новата британска министерка за надворешни работи Лиз Трус и со Жоао Вал де Алмеида, шефот на делегацијата на ЕУ во Обединетото Кралство, и го посетил Британскиот центар за борба против сајбер-нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ