За време на дводневната посета, прва на таа земја од некој израелски министер од воспоставувавњето на односите минатата година, Јаир Лапид треба да го инаугурира и конзулатот во Дубаи и да потпише билатерален договор за економска соработка.
Посетата е можност за новата израелска влада на премиерот Нафтали Бенет, шарена коалиција што ја презеде должноста пред две недели, да направи дипломатски напредок.
„Израел сака мир со соседите, со сите свои соседи. Никаде нема да одиме. Блискиот исток е наш дом“, рече Лапид за време на свеченото отворање на привремената канцеларија на амбасадата во облакодер во Абу Даби.
„Тука ќе останеме. Ги повикуваме сите земји во регионот да го разберат тоа”, рече тој.
Israel wants peace with its neighbors.
With all its neighbors.
We aren’t going anywhere.
The Middle East is our home.
We’re here to stay.
We call on all the countries of the region to recognize that.
And to come talk to us. pic.twitter.com/wqcdPDnIgP— יאיר לפיד – Yair Lapid? (@yairlapid) June 29, 2021
Поттикнати од стравот од Иран, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги нормализираа односите со Израел минатата година и го склучија т.н. „Абрахамов договор“ подготвен од тогашната администрација на претседателот Доналд Трамп.
Судан и Мароко исто така воспоставија односи со Израел.
Обединетите Арапски Емирати исто така овој месец отворија амбасада во Израел, која привремено се наоѓа на берзата во Тел Авив.
Лапид му се заблагодари на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху како архитект на Абрахамовиот договор: „Овој момент е негов ништо помалку отколку наш“.
Тој исто така му се заблагодари на Трамп и на сегашниот американски претседател Џо Бајден, кој вети дека ќе се обиде да го зголеми бројот на арапски и муслимански земји што го признаваат Израел.






