Израел јавно почна да го гради проектот кој вклучува надземна ограда, поморска бариера, радарски системи и командна и контролна соба во 2016 година.
„Бариерата, која е иновативен и технолошки напреден проект, му одзема на Хамас една од способностите која се обидуваше да ја развие“, кажа израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, во соопштение на израелското министерство за одбрана.
„Тој проект вклучува „железен ѕид“, сензори и бетон меѓу терористичката организација и жителите на југот на Израел“, кажа тој за проектот со кој се зајакнува постоечката ограда.
Министерството соопшти дека бариерата, која вклучува стотина камери, радари и други сензори, се протега на 65 километри и дека во нејзината изградба, за која биле потребни 3,5 години, се потрошени 140.000 тони железо и челик.
Во соопштението се наведува дека „паметната ограда“ е повисока од 6 метри и дека поморската бариера вклучува средства за откривање инфилтрација по морски пат и систем со оружје на далечинско управување.
[video:https://youtu.be/UISXJp0Rh6w autoplay:0]Газа има и 14 километри долга граница со Египет, кој ги затвори граничните премини, повикувајќи се на загриженост за безбедноста. Од 2013 египетските сили ги уриваат тунелите за шверц, додека Хамас од своја страна ги засили патролите.
Израел и Хамас водеа четири војни откако исламистичката група ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 од силите лојални на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Во последниот конфликт во мај минатата година Хамас и други милитантни групи испукаа над 4.300 ракети врз Израел, кој против нив ја распореди противвоздушната одбрана Железна купола и изврши големи воздушни напади во Газа со цивилни жртви.
[video:https://youtu.be/zVDZecV-cx8 autoplay:0]





