среда, 15 април 2026

Италијанскиот Вухан: гратчето Кодоњо по 16 месеци без зараза

Објавено на

часот

Сподели

„Среќни сме, тоа ни овозможува да одиме понатаму кон нормален живот. Тоа е сонот кој го сонувавме во изминатите 16 месеци“, кажа градоначалникот Пасерини, пренесува агенцијата Анса.

Кодоњо стана познат како местото каде во Италија, во февруари минатата година, официјално беше откриен првиот случај на зараза со ковид-19.

38-годишниот менаџер Матија Маестр се смета за „пациентот број 1“, бидејќи беше првиот кај кого беше откриена зараза со коронавирусот, а по тестирањето се покажа дека и сите лекари на локалната болница се заразени, а потоа и повеќето жители.

Местото беше изолирано, полицијата и војската ги блокираат сите улици и никому не му беше дозволено ни да влезе ни да го напушти местото.

Медиумите го нарекоа Кодоњо „италијанскиот Вухан“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ