Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека е „многу вознемирен“ од веста за убиените цивили во пукање доцна синоќа, без да прецизира за колку жртви станува збор.
„Државната влада темелно ќе го испита овој инцидент за да обезбеди правда за ужалените семејства“, објави Шах на Твитер.
Локалните медиуми јавија дека индиските безбедносни сили по грешка отвориле оган врз цивилите, без да наведат причина за инцидентот. Точниот број на жртвите не е познат, но селските власти соопштија дека се убиени 13 нивни сограѓани.
Неименуван припадник на армијата рекол дека војниците пукале во камион, откако добиле информација дека во таа област се движат бунтовници и оти прво биле убиени шест лица.
Насобраните селани потоа запалиле две воени возила, а војниците пукале во нив и убиле уште седум лица, рекол воен претставник, кој побарал да остане анонимен.






