Според официјалните податоци, во последните 24 часа се заразени 41.335 луѓе, што е најголем број од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Русија.
Во истиот период починале 1.888 луѓе, што е мал пад во однос на податоците соопштени вчера.
Во Русија, земјата која е најмногу погодена од коронавирусот во Европа, починаа 245.635 луѓе, а инфицирани се повеќе од 8,7 милиони од почетокот на епидемијата.
Скокот на бројот на заразените доаѓа по неработната недела, од 30 октомври до 7 ноември.
Во Москва, најголемото жариште на епидемијата, затворени се училиштата, салоните за убавина, спортските хали и продавниците со секундарна стока.
Во Русија само 33,8 отсто од населението е целосно вакцинирано против коронавирусот.






