Пред Канада, во средата за дипломатски бојкот се одлучија Австралија и Велика Британија, а први тоа го сторија САД.
„Многу партнери низ светот се крајно загрижени поради постојаното кршење на човековите права во Кина. Затоа објавуваме дека нема да испраќаме дипломати во Пекинг“, рече Трудо, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на кинеската амбасада во Канада го обвини Трудо за лажни тврдења.
„Врз основа на идеолошка пристрасност, како и на лаги и гласини, Канада и некои западни земји флагрантно изведуваат политички маневри, обидувајќи се да го нарушат напредокот во бојкотот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Нивната несмасна претстава тешко може да наиде на каква било поддршка и е осудена на пропаст“, рече портпаролот.






