Германската полиција објави дека 39-годишен Хрват пред ресторан за брза храна извикувал екстремно десничарски слогани и носел непримерни натписи. Пред тоа, како што објави полицијата, бил пријавен за кршење на јавниот ред и мир бидејќи ги шутирал цвеќињата пред влезот на ресторанот.
Кога полицајците му се приближиле, тој ги поздравил со нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“.
Бидејќи им пружил отпор на полицајците, го кутнале на земја, го врзале и го привеле.
Во соопштението се наведува дека, покрај сето претходно наведено, ќе мора да го објасни својот статус. Хрватот во Германија влегол во септември минатата година.






