„Го напуштам Рим со неостварена надеж, но таа барем не е погребена”, напиша Гутереш на Твитер.
Лидерите на Г20 во неделата во финалното заедничко соопштение од самитот повикаа на смислени и ефикасни акции за да се ограничи глобалното затоплување, односно да се спречи температурата на Земјата да порасне за повеќе од 1,5 Целзиусов степен.
Меѓутоа, освен ветувањата, малку земји се обврзаа на нешто конкретно, вели Гласот на Америка.
Резултатот од повеќедневните тешки преговори е тоа дека останува уште многу нешта да се договорат на конференцијата на ОН за климата во Глазгов, каде што многумина патуваат директно од Рим.






