петок, 1 мај 2026

Ѓукановиќ призна за сопствеништвото во трустовите, но „тогаш немав јавна функција“

Објавено на

часот

Сподели

„Во 2012 година, во времето кога немав јавна функција во државата и не вршев никаква државна должност (во 2010 година мојот мандат на позицијата премиер истече), работев на организација на деловна инфраструктура трудејќи се да почнам деловни активности со мојот син. Во тоа време го формирав Викторија труст за кој ме прашувате“, кажа Ѓукановиќ, пренесува МАНС, но и Вашингтон пост.

Тој тврди дека на крајот на таа година, по именувањето на функцијата премиер, сопствеништвото врз својот труст му го пренел на синот Блажо.

„На крајот на 2012 година се вратив на позицијата премиер, што не го планирав. Потоа, го префрлив комплетното сопствеништво врз Викторија труст на мојот син Блажо Ѓукановиќ“, рече претседателот на Црна Гора, наведувајќи дека другите информации за дејноста и судбината на тој труст може да се добијат од неговиот син.

Ѓукановиќ во изјавата изостави важен факт. Во тоа време немал јавна функција во владата, но бил претседател на Демократската партија на социјалистите, ДПС, која ја водела владата и државата. Владата за сите важни одлуки се консултирала со Ѓукановиќ, кој 30 години владее во Црна Гора.

Неговата сестра Ана Коларевиќ во 2016 година беше откриена како еден од актерите на Панама документи, скандалот што исто така ги разоткриваше офшор-сметките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ