Крадецот наводно е градежен работник (49), објавија грчките медиуми. Сликата на Пикасо е пронајдена со друго оштетено дело на холандскиот сликар Пит Мондријан во магацин на околу 50 километри од Атина.
Министерството за култура потврди дека сликите се пронајдени.
Полицијата продолжи со истрагите во февруари, бидејќи експертите веруваа дека Глава на жена никогаш не се појавила на црниот пазар и затоа никогаш не била однесена од Грција.
Сликите биле извадени од рамките за време на добро организиран грабеж изведен во Националната уметничка галерија ноќта на 9 јануари 2012 година.
Покрај портретот на Пикасо, крадците зеле и масло на платно на холандскиот сликар Пит Мондријан и цртеж со молив и мастило од италијанскиот сликар Гуљерлмо Кача од 16 век.
Пикасовиот кубистички Глава на жена, шпанскиот сликар ѝ го подарил на Грција со посвета „Во чест на грчкиот народ“ за отпор кон германските окупациски сили за време на Втората светска војна.
Националната галерија во Атина неодамна беше отворена по девет години реконструкција.






