Тврдат дека речиси 70 отсто од снегот ова лето може да биде зачувано на тој начин. Прекриени ќе бидат 120.000 квадратни метри од глечерот. Покривањето ќе трае еден месец.
Тоа се прави секоја година од 2008. „Глечерите и нивното повлекување се можеби најизразените последици на глобалното загревање“, вели експертот за глечери Кристијан Касарото, додавајќи дека масата на глечерот постојано се намалува во последните 15 до 20 години.
Глечерот се покрива со церади долги 70 а широки 5 метри.
[video:https://youtu.be/jqR9MM2eaJ4 autoplay:0]





