среда, 6 мај 2026

Газдата на Пинк за гледачите: Да не бевте вие глупави како к*р, јас не ќе имав рекорден профит

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на Пинк, телевизија која важи како блиска на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги коментираше на Твитер протестите во Србија. Тој смета дека бројката која се спомнуваше во медиумите е преувеличена.

„Ова се вика бедотија, Н1 ќе изгине со релјефни трикови на кои стојат луѓе да направи илузија за масовност на протестите, а потоа ги демантира Нова С со снимка од дрон која, во истиот момент, прикажува слика од дрон на која се гледа дека се присутни неколку стотини луѓе“, напиша Митровиќ, кој објави две фотографии од протестите.

Некој во коментарите го нарекува воен профитер.

„Ти си само еден обичен воен профитер. Додека илјадници луѓе гинеа, ти со помош на ЈУЛ го украде првиот милион. Со парите не можеш да купиш достоинство. И покрај своето богатство ти си обична подгазна мува на секоја власт“, напишал коментаторот.

Митровиќ одговори:

„Нормално дека сум профитер кој профитот го гради на вашата ретардираност, да не сте глупави како к*р, јас никогаш не би бележел рекордни профити“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ