Компанијата наведе дека своите резултати од раните клинички испитувања колку што е можно побргу ќе ѝ ги достави за одобрување на американската Агенција за лекови (ФДА).
Ова е втор лек од овој вид што покажува позитивни резултати по лекот на компанијата Мерк, кој неодамна е одобрен во Велика Британија.
Антивирусните лекови дејствуваат така што ја намалуваат способноста на вирусот да се размножува, со што болеста се забавува. Таквите лекови претставуваат дополнување на вакцините за заштита од коронавирусот.
Доколку добие одобрување, лекот на Фајзер по дополнителните клинички испитувања би го добил името плаковид, наведе компанијата.






