„Податоците за коронавирусот нагло се зголемуваат по долг период на опаѓање. Тоа зголемување значи повеќе од 200 дополнителни инфекции на ден и очекуваме да се зголемува во наредните денови“, вели белгискиот вирусолог Стивен Ван Гухт.
Додека регионот Брисел остана во „портокаловата зона“, во претходните две недели Валонија и Фландрија, по долго време, влегоа во таканаречената безбедна зелена зона.
„Ова наскоро ќе се претвори во портокалово“, предупредува Ван Гухт.
Во време кога Кипар и делови од Шпанија се наоѓаат во „црвената зона“ на европската епидемиолошка мапа, белгискиот вирусолог предупредува дека четвртиот бран на коронавирусната инфекција веќе е во тек во Европа.






