вторник, 5 мај 2026

Европа ризикува да ги наруши врските меѓу Кина и ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Европската страна треба да ја поправи својата грешка, изјави портпаролот на Министерството Ванг Венбин на редовна прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Тајван вчера ја пречека првата делегација на Европскиот парламент што го посети овој остров, додавајќи дека посетата е значаен чекор кон поцврсти врски со Европа во екот на зголемените тензии меѓу Тајпеј и Пекинг.

Тајван, кој Кина го смета за своја територија и не ја исклучува можноста за насилно заземање, нема формални дипломатски односи со ниту една европска земја освен со Ватикан, но сака да ги продлабочи врските со европските демократии.

„Оваа делегација е првата официјална во историјата што Европскиот парламент ја испраќа во Тајван, што е многу важно“, се вели во соопштението на тајванското Министерство за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ