петок, 24 април 2026

Ердоган доаѓа во Сараево, Додик за тоа ќе ја прекине блокадата на Претседателството на БиХ

Објавено на

часот

Сподели

Денис Хаџовиќ, шеф на кабинетот на министерката за надворешни работи на БиХ Бисерка Турковиќ, кажа за Дневни аваз дека Ердоган ќе пристигне во четврток, а во петок би требало да се одржи неговата официјална средба со сите тројца членови на Претседателството на БиХ.

Од кабинетот на Додик сè уште нема официјална потврда дека ќе присуствува на состанокот.

Додик не учествува на седниците на државниот врв ниту комуницира со другите два члена од почетокот на август, откако парламентот на ентитетот Република Српска ја изгласа одлуката според која службениците на РС нема да учествуваат во работата на Претседателството, Советот на министри и државниот парламент сè додека не се поништат измените на кривичниот закон, кој на крајот на јули ги наметна поранешниот висок претставник Валентин Инцко и со кои негирањето на воените злосторства стана кривично дело.

Следејќи ја одлуката на парламентот на РС, на чие донесување лично инсистираше, Додик во минатите недели го блокираше донесувањето одлуки на Претседателството за ангажирање на хеликоптерите на војската во гасењето пожари.

Додик претходно позитивно зборуваше за Ердоган, фалејќи го начинот на кој тој управува со Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ