недела, 3 мај 2026

Еди Рама во пресметка со медиумите: „Нанесуваат штета како педофилијата и тероризмот“

Објавено на

часот

Сподели

Рама ова мислење го изнесе за време на осмата конференција за медиуми на ОБСЕ во југоисточна Европа „Новинарството во време на криза“ која неодамна беше одржана во албанската престолнина Тирана.

„Кога ќе се обидете да замислите што нацистичката пропагандна машинерија би му направила на светот со оваа слобода на говорот, тоа е шокантно“, кажа Рама.

„Или дури и не се обидувајте тоа воопшто да го замислите, обидете се да ја процените штетата која во секојдневниот живот на настаните од изворите на злото во овој свет – тероризмот, фундаментализмот, педофилијата, болестите на модерното општество – кои низ слободата на ширењето можат да влијаат врз многу луѓе, групите на кои им е потребна помош и слабите делови на нашето општество“.

Ѓерг Еребара, новинар кој работи за Балканската истражувачка мрежа БИРН Албанија, смета дека Рама го користи овој став како изговор за одбрана на контроверзниот пакет против клевета воведен во 2018 година, за кои многумина сметаат дека е „војна против онлајн медиумите“, пренесува германската агенција.

„Изјавата на Рама беше изнуден и не баш уверлив обид да се повтори дека тој самиот силно верува дека слободата е претерана и дека има намера да се позабави со злоупотребата на слободата на изразувањето, но дека сите погрешно го разбираме и го гледаме како амбициозен диктатор, кога всушност има добри намери, како заштита од нацизмот или заштита на децата од педофилијата“, кажа Еребара.

Тој истакна дека законите и иницијативите со кои се обидуваат да ги цензурираат медиумите не се единствениот проблем.

„Рама во текот на својата политичка кариера демонстрираше желба да ги контролира сите видови медиуми. Новинарите го знаат тоа и се сведоци на фактот дека неговиот модел за медиумите е корупцијата, со пристап до јавното одлучување, и е главниот фактор за континуираната деградација на медиумите во Албанија во последните 15 години“, додаде тој.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ