вторник, 5 мај 2026

Драма во Данска: додека руски брод полнел гориво, данските власти го заплениле

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот наводно се случил на 1 ноември во пристаништето Сиген. Додека бродот полнел гориво, данските власти го заплениле. Одземена е и документацијата на бродот.

„Запленувањето на бродот е извршено по барање на трета страна и е поврзано со претходната активност на ‘Академик Јофе’. Бродот плови под знамето на Руската Федерација и е во сопственост на државата. Него го користи Институтот за океанологија ПП Ширшов за научни цели“, се наведува во соопштението.

Амбасадата добила копија од судскиот материјал врз основа на кој е извршена заплената. Контактите меѓу Министерството за надворешни работи на Русија и нивните колеги во Данска за ова прашање се во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ